Заболувања на перикардот (срцева обвивка)http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D1%86%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B0
Заболувањата на перикардот, односно срцевата надворешна обвивка се поим што опфаќа нарушувања на перикардот, обвивка што го обвиткува срцето. Едно од почестите заболувања е воспалението на перикардот или перикардитис. Најчестите предизвикувачи а перикардитисот се вирусните инфекции, разни заболувања на сврзливото ткиво како што се лупус (жива рана) или ревматоиден артритис или трауми на перикардот. Перикардитисот често се јавува по операција на отворено срце, а најчестиот симптом е собирање течности во перикардот. Со помош на стетоскоп лекарот може да го открие карактеристичниот звук сличен на гребење, што се нарекува и перикарден тон. Акутните случаи се придружени со температура и остра болка во средиштето на градниот кош. Перикардитисот често се повлекува без какво било лекување или успешно се лекува со лекови против воспаление, како што е ацетилсалицилната киселина (пр. аспирин), а во потешки случаи и кортикостероидни хормони. Понекогаш може да се изврши дренажа на срцевата обвивка.
Кардиомиопатии
Заболувањата на срцевиот мускул (миокард) се познати под заедничко име кардиомиопатии. Поради заболувањето, срцевиот мускул станува претерано истегнат, здебелен или крут. Меѓу многуте можни предизвикувачи на кардиомиопатијата се и болестите на сврзливото ткиво, наследните срцеви заболувања, нарушувања на метаболизмот, реакции на одредени лекови, вирусни инфекции и отровни материи, како што е алкохолот. Вистинската причина за кардиомиопатијата многу често останува непозната. Во секој случај, последиците се многу сериозни; срцевиот мускул станува преслаб за ефикасно пумпање на крвта или неговата крутост го спречува полнењето на срцето со крв. Симптомите се болки во градите. отежнато дишење, отекување на нозете и зглобовите и вртоглавица. Кога кардиомиопатијата напредува до таа мера што предизвикува потешки облици на срцева аритмија или конгестивен застој на срцето, веројатноста за долгорочно преживување станува многу мала. Ненадејната смрт честопати се поврзува со заболувањата на срцевиот мускул. Идиопатската хипертрофна субаортална стеноза, на пример, е болест што им го одземала животот на многу познати, млади спортисти. Ако кардиомиопатијата навреме се открие и почне лекувањето, било со лекови, било со трансплантација, симптомите во голем број случаи можат да се стават под контрола, а затајувањето на срцето може да се спречува уште многу години.
Вродени срцеви мани[уреди | уреди извор]
Ако било што тргне наопаку во текот на создавањето на срцето во преднаталниот развој, детето ќе се роди со една или повеќе вродени срцеви мани. Таквите мани се многу чести, па на секои илјада деца се јавуваат кај околу 7 деца. Вистинските причини тешко се откриваат. Гените и факторите на природната средина што постојат во мајчиниот организам, се разбира, имаат своја улога. Абнормалностите на хромозомите, на пример, оние што го предизвикуваат Дауновиот синдром (монголоидност) се поврзани со многу вродени срцеви мани, како и инфекциите што мајката ќе ги преболи во текот на бременоста, на пример, рубеолата. Вродените срцеви мани значително се разликуваат според последиците. Некои се видливи веднаш, а други не предизвикуваат видливи симптоми се до зрелоста. Помалите срцеви мани често самите исчезнуваат, но потешките не е можно да се лекуваат, па често предизвикуваат и смрт. За среќа, многу такви нарушувања може кога е тоа потребно, се лекуваат по хируршки пат. Најчести се различни облици на оштетување на септумот, односно преградата што ја одвојува левата и десната страна на срцето. Друга честа вродена мана е белодробната стеноза, при што еден срцев залисток во овој случај белодробен, е толку тесен што минувањето на крвта во белите дробови е значително намалено. Залистокот може делумно да се отвори или целосно да се замени по хируршки пат. Кај некои новороденчиња малиот крвен сад, ductus arteriosus не се затвора по раѓањето како кај другите деца. Оваа мана, наречена перзистентен артериозен дуктус, овозможува одредено количество крв, која низ аортата се пренесува во другите делови на телото, за да се врати во белодробната артерија и со тоа да создаде дополнителен притисок на срцето. И ова нарушување може да се отстрани со хируршки зафат. Цијанотичните или модри новороденчиња се раѓаат со комбинација на четири вродени мани, што доведува до тоа со кислород сиромашната крв повторно да се враќа во телесните ткива. Вишокот на деоксигенирана крв му дава на детето сина боја. Без лекување, најголемиот број таквите деца нема да доживеат средна возраст. Меѓутоа, во 90% од случаите и оваа мана може успешно да се лекува по хируршки пат
No comments:
Post a Comment