Monday, May 11, 2015

Заболувања на срце

Заболувања на перикардот (срцева обвивка)http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D1%86%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B0

Заболувањата на перикардот, односно срцевата надворешна обвивка се поим што опфаќа нарушувања на перикардот, обвивка што го обвиткува срцето. Едно од почестите заболувања е воспалението на перикардот или перикардитис. Најчестите предизвикувачи а перикардитисот се вирусните инфекции, разни заболувања на сврзливото ткиво како што се лупус (жива рана) или ревматоиден артритис или трауми на перикардот. Перикардитисот често се јавува по операција на отворено срце, а најчестиот симптом е собирање течности во перикардот. Со помош на стетоскоп лекарот може да го открие карактеристичниот звук сличен на гребење, што се нарекува и перикарден тон. Акутните случаи се придружени со температура и остра болка во средиштето на градниот кош. Перикардитисот често се повлекува без какво било лекување или успешно се лекува со лекови против воспаление, како што е ацетилсалицилната киселина (пр. аспирин), а во потешки случаи и кортикостероидни хормони. Понекогаш може да се изврши дренажа на срцевата обвивка.

Кардиомиопатии

Заболувањата на срцевиот мускул (миокард) се познати под заедничко име кардиомиопатии. Поради заболувањето, срцевиот мускул станува претерано истегнат, здебелен или крут. Меѓу многуте можни предизвикувачи на кардиомиопатијата се и болестите на сврзливото ткиво, наследните срцеви заболувања, нарушувања на метаболизмот, реакции на одредени лекови, вирусни инфекции и отровни материи, како што е алкохолот. Вистинската причина за кардиомиопатијата многу често останува непозната. Во секој случај, последиците се многу сериозни; срцевиот мускул станува преслаб за ефикасно пумпање на крвта или неговата крутост го спречува полнењето на срцето со крв. Симптомите се болки во градите. отежнато дишење, отекување на нозете и зглобовите и вртоглавица. Кога кардиомиопатијата напредува до таа мера што предизвикува потешки облици на срцева аритмија или конгестивен застој на срцето, веројатноста за долгорочно преживување станува многу мала. Ненадејната смрт честопати се поврзува со заболувањата на срцевиот мускул. Идиопатската хипертрофна субаортална стеноза, на пример, е болест што им го одземала животот на многу познати, млади спортисти. Ако кардиомиопатијата навреме се открие и почне лекувањето, било со лекови, било со трансплантација, симптомите во голем број случаи можат да се стават под контрола, а затајувањето на срцето може да се спречува уште многу години.

Вродени срцеви мани[уреди | уреди извор]

Ако било што тргне наопаку во текот на создавањето на срцето во преднаталниот развој, детето ќе се роди со една или повеќе вродени срцеви мани. Таквите мани се многу чести, па на секои илјада деца се јавуваат кај околу 7 деца. Вистинските причини тешко се откриваат. Гените и факторите на природната средина што постојат во мајчиниот организам, се разбира, имаат своја улога. Абнормалностите на хромозомите, на пример, оние што го предизвикуваат Дауновиот синдром (монголоидност) се поврзани со многу вродени срцеви мани, како и инфекциите што мајката ќе ги преболи во текот на бременоста, на пример, рубеолата. Вродените срцеви мани значително се разликуваат според последиците. Некои се видливи веднаш, а други не предизвикуваат видливи симптоми се до зрелоста. Помалите срцеви мани често самите исчезнуваат, но потешките не е можно да се лекуваат, па често предизвикуваат и смрт. За среќа, многу такви нарушувања може кога е тоа потребно, се лекуваат по хируршки пат. Најчести се различни облици на оштетување на септумот, односно преградата што ја одвојува левата и десната страна на срцето. Друга честа вродена мана е белодробната стеноза, при што еден срцев залисток во овој случај белодробен, е толку тесен што минувањето на крвта во белите дробови е значително намалено. Залистокот може делумно да се отвори или целосно да се замени по хируршки пат. Кај некои новороденчиња малиот крвен сад, ductus arteriosus не се затвора по раѓањето како кај другите деца. Оваа мана, наречена перзистентен артериозен дуктус, овозможува одредено количество крв, која низ аортата се пренесува во другите делови на телото, за да се врати во белодробната артерија и со тоа да создаде дополнителен притисок на срцето. И ова нарушување може да се отстрани со хируршки зафат. Цијанотичните или модри новороденчиња се раѓаат со комбинација на четири вродени мани, што доведува до тоа со кислород сиромашната крв повторно да се враќа во телесните ткива. Вишокот на деоксигенирана крв му дава на детето сина боја. Без лекување, најголемиот број таквите деца нема да доживеат средна возраст. Меѓутоа, во 90% од случаите и оваа мана може успешно да се лекува по хируршки пат
https://prezi.com/autmidzr6tgw/presentation/

Анализа на крв-Толкување на резултати

Лабораторискиот преглед на крвта кај пациентите е еден од најважните показатели за ситуацијата на организмот и укажуваат на некоја скриена или веќе манифестирана болест.

Секој човек во зависност од телесната тежина има од 5 до 8 литра крв, која го снабдува внатрешните органи со кислород и хранливи материи, содржи бели (леукоцити) и црвени (еритроцити) кои претставуваат одбранбену ќелии на организмот.

Анализа на крвта спаѓа во стандардна процедура на секој преглед, посебно ако пациентот се жали на симптоми кои не укажуваат на конкретно заболување и помага при поставување точна дијагноза.
Kај дијагностицирани заболувања кај кои лечењето е во тек, анализата на крвта укажува на успешно применета терапија.

Најчести анализи:

Седиментација - нормална вредност 10 и 20mm/h ,доколку вредноста е поголема тогаш во организмот има жариште на инфекции.
  • M (20-50 год) 3-13 mm/h
  • M (над 50 год) 2-23 mm/h
  • Ж ( 20-50 год) 4-24 mm/h
  • Ж (над 50 год) 5-28 mm/h
Крвна слика - Пред се се одредува бројот на еритроцити, леукоцити, тромбоцити.
  • RBC - Еритроцити (црвени крни зрнца) кои го пренесуваат кислородот од градниот кош кон останатите делови на телото.Нормална вредност:5-6 милиони/mm3. Намалена вредност на еритроцитите може да е знак за анемија или пак губење на крв поради крварење, а зголемување на еритроцитите може да се јави и кај сосема здрави особи.
  • WBC - Леукоцити (бели крвни зрнца) служат за одбрана на организмот од бактерии, вируси.Нормална вредност:5-10.000 милиони/mm3.Резултатите пониски од граничната вредност најчесто е знак за вирусни инфекции, а зголемување е знак за бактериски инфекции.
  • PLT - Тромбоцити (крвни плочки) нормална вредност 250.000-400.000 милиони/mm3.Зголемен број на тромбоцити доведува до крвно згрутчување во кардиоваскуларниот систем, а намалување се јавува при хемотерапи, малигни заболувања, хепатитис Ц.
  • Hb- Концентрација на хемоглобин во крвта е зависно од полот. Како просечна вредност за мажи се смета од 140-180 g/L, а за жени 120-160 g/L.
  • Глукоза - Гликемија го покажува количеството шеќер во крвта.Нормална вредност 3,33 до 6,10mmol/l.
  • Hct - удел на крвните ќелии или хематокрит во вкупната количина крв.
  • MCV - Среден обем на еритроцити.
  • MCHC - Средна концентрација на хемоглобин во еритроцити.
  • RDW - Ширина на дистрибуција на еритроцитите, сортирање на еритроцити по големина.
  • MTV - Просечен среден обем на тромбоцити
Состојба на црниот дроб 
Во внатрешноста на црниот дроб се чисти крвта и се разградуваат супстанци кои се најважни за живот.Три најважни ензими се GOT чија нормална вредност е 5 до 15u/l, GPT - 5 до 19u/l и GGT со нормална вредност 4 до 18 u/l.


Состојба на бубрезите
  • Urea- Нормално 1,7-8,3 mmol/l
  • Креатинин - нормално мажи 62-106, жени 44-80 umol/l
Панкреас
  • S-алфа амилаза - нормална: 28-100 IJ/I
  • U-алфа амилаза - нормална: - 0-450 IJ/I Зголемено ниво укажува на пореметување на функцијата на панкреасот(производство на инсулин) 

Железо е еден од есенцијалните олигоелементи во организмот, составен дел од хемоглобин, миоглобин и многу ензими.Главно складиште на железото е ретикулоендотелниот систем, црн дроб, коскена срж, бубрези.Концентрацијата на железо во серумот е определен од неколку фактори вклучувајќи апсорпција од црева, депонирање во цревата, црниот дроб, слезина и коскена срж, губење хемоглобин и синтеза на нов хемоглобин.
Заедно со хемоглобинот, еритроцитите и параметрите кои ја одредуваат морфологијата на еритроцитите(MCV, MCH и MCHC) пружа увид за состојбата на коскената срж.Определување само на железото нема никакво значење за дијагноза на анемија.
Нормална вредност: мажи 10,6-28,3;жени 6,6-26,0 umol/l

Штитна жлезда - Лачи хормон тироксин (Т4) и триодтироксин (Т3).Двата се неопходни за добра работа на метаболизмот.Се мерат вредностите на Т4 хормони и слободен FT4 кој не е врзан за белковини.Нормална вредност на вкупен T4 хормон е 58 - 161nmol/l, а на FT4 тироксин е 10.3 - 23.1pmol/l.

Масти во крв
  • Холестерол нормална вредност < 5,2; Висок > 6,2 mmol/l
  • HDL холестерол(добар) нормален > 1,54; Низок < 1,0 mmol/l
  • LDL холестерол (лош) нормален < 2,6; Висок > 4,1 mmol/l
  • Триглицериди нормална вредност < 1,7; Висока > 2,3 mmol/l
Електролити
  • Натриум (Na) - 139-154 mmol/l Намалено ниво кај бубрежно болни
  • Калиум (К) - 3,8-5,3 mmol/l Зголемено ниво кај бубрежно болни
Анализа на крв би требало да направите барем еднаш годишно иако немате никакви здравствени проблеми, затоа што раното откривање на болеста е од пресудно значење за поуспешно лекување.
Image result for анализа на крвImage result for анализа на крв

Крв

Крв (латинскиSanguis) — течно сврзно ткиво кое се среќава кај сите ‘рбетници и некои без‘рбетни животни. Таа циркулира низ крвните садови и нејзина најзначајна улога е транспортната - хранливи материиекскрети,кислород и јаглерод диоксид од и до клетките. Меѓутоа, за разлика од останатите сврзни ткива, во крвта нема нишковидни творби, односно фибрили — колаген или еластични влакна. Крвта во крвните садови се наоѓа во течна состојба. Надвор од крвните садови таа се засирува (коагулира). Доколку на крвта и додадеме определена количина на некоја антикоагулантна материја до засирување нема да дојде. Ако ваква крв оставиме да стои извесно време или ако веднаш ја центрифугираме ќе забележиме дека дошло до издвојување на два сосема различни слоја. Горниот слој е проѕирен безбоен или лесно жолтеникав тоа е крвната плазма. Долниот непроѕирен слој го сочинуваат оформени елементи: еритроцити(црвени крвни клетки), леукоцити(бели крвни клетки) и тромбоцити(крвни плочки). Во седиментот што го образуваат оформените елементи можат да се забележат два слоја. Горниот слој е сосема тенок има светложолтеникава боја, а потекнува од белите крвни клетки. Долниот слој, многу поголем и со изразено црвена боја кој го образуваат црвените крвни клетки. Ваков распоред на оформените елементи при седиментација или центрифугирање зависи од нивната специфична тежина. Еритроцитите имаат голема специфична тежина поради присуство на крвна боја-хемоглобин или железо што влегува во состав на неговата молекула.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B2
Image result for крв

Упатство за болести на крвните садови

ЛАлтернативна медицина за бубрежни, црнодробни, хепатит, дијабетес, плодност, чир, холестерол

Алтернативна Медицина Роза Канина ДООЕЛ Ресен
  • Дома
  • За Нас
  • Продажни Места
  • Вести
  • Контакт

МакедонскиEnglish


Вести

Тука можете да ги нарачате производите по набавни цени со испорака до Вашиот дом а ги плаќате по нивната достава


Во кои градови и места ги има нашите производи можете да проверете на следнииот линк
 
   
 

Добредојдовте !


На страницата на Роза Канина ДООЕЛ Ресен, Тревар Науме Петковски. Можете да решите голем број на заболувања по природен пат со лековити растенија, режими на исхрана, посебни рецепти и начин на однесување.
 

Упатство за болести на крвните садови

Заболувања на крвните садови:
холестерол, прочистување на крвните садови од наслаги, постизливни и постирфактни состојби;
- венопатии (тромбоза, тромбофлебит, црвен ветар и сл.);
- капилоропатии;
-хемороиди (шуљеви и мајасол)
Овие заболувања може доколку се почитуваат правилата да се решат со:
- помош на чаеви и чајни комбинации
- режими на исхрана
- комплет терапија за лекување на овие заболувања во зависност од дијагнозите за истите
I. БОЛЕСТИ НА КРВТА - КРВНИТЕ САДОВИ И СРЦЕТО
Крвта е животна течност што постојано кружи низ човечкиот организам низ крвните садови. Улогата на крвта е многукратна и многустрана а каконајважна е снабдување на клетките со храна-кислород т.н.р. размена на материите. Крвта е составена од повеќе компоненти мегу кои најзначајни се:
црвените крвни зрнцаБелите крвни зрнца и крвните плочки. Секоја промена во овие компоненти, бројот, изгледот, бојата и слично, укажува дека постои одредедено заболување или болест. Како најчести заболувања на крвта се:
1. АНЕМИЈА - најпросто кажано анемијата е намалување на бројот на црвените крвни зрнца(еритроцити и намалување на Хемоглобинот во нив (црвената боја) . Постојат повеќе видови анемии, меѓу кои се;
- АНЕМИЈА ПОСЛЕ ОБИЛНИ КРВАРЕЊА која настанува како последица на тешки повреди, операции, внатрешни крварења и слично. Тоа е губење на големо количество крв а се манифестира со изразено бледило, вртоглавица, паѓање на притисоците, паѓање во несвест и слично.
- МЕГАЛОБЛАСТНА АНЕМИЈА - е врста на анемија која настанува како недостаток на витаминот Б-12 или таканаречена фолна киселина при исхраната или неможност на организмот да ги користи истите.
Исто така ова анемија е последица и на некои заболувања на желудникот или други болести. Симптоми се: бледилото, замор, малаксалост, намален крвен притисок, општа слабост на организмот и сл.
- ХЕМОЛИТИЧКА АНЕМИЈА - е ненормално и зголемено реаспаѓање на еритроцитите а најчесто е предДизвикано од наследни фактори, присуство на отрови во крвта и организмот и други тешки болести, се манифестира со трајни и изразени бледила, болки во пределот на слезинката, појава на жолтило и хепатални промени и пореметувања.
- СИДЕРОПЕНИСКА АНЕМИЈА - настанува поради недостаток на железо во крвта, односно организмот дали негово невнесување или неискористеност. Знаци се изразено бледило, мали повремени крварења од оделни органи , малаксалост, неволност, замор, вртоглавица, забрзана работа на срцето, нагон за повраќање, гадење, слаб апетит и слично.
2. ЛЕУКЕМИЈА е тешко заболување на крвта, изразено со енормно зголемување на белите крвни зрнца што укажува на недоброто функционирање на рбетната мождина, слезинката и лимфниот систем. Причини за оваа болест најчесто се наследните фактори, натрпаност на организмот со отрови, радиоактивни и штетни зрачења. Болеста може да биде акутна или хонична. Манифестацијата е изразено бледило, забрзана работа на срцето, општа слабост и изнемоштеност на организмот, мали крварења на усните, кожата и грлото, болки во зглобовите и коските, отечени непца, отоци на лимфните јазли и жлезди.
3. АЛЕРГИЈА - во директен превод значи „ненормална појава" е реакција помегу природните заштитници на организмот „антителата" и надворешни туѓи тела „антигени" тоа е неможност на организмот да се одбрани и да ги уништи надворешните непријатели - антигените. Ги има многу видови а највообичаени се;
- УРТИКАРИЈАТА - е алергија на некои видови на храна (јајца,јагоди,ореви,риба и сл). Симптоми се: бледо црвени бронки (мозолчина) по кожата, окружени со црвена линија, сврбеж, болка. Причинители се: Повеќе видови на храна, високи ниски температурни разлики, состојби на стресс, страв, депресии и слично.
- ПОЛЕНОВА АЛЕРГИЈА (треска) - е преголема чувствителност на поленов прав. Знаци се кивањето, воспаленија на слузницата на носот со обилни секреции, чешање и гребење на грлото, отежнато дишење, асматични напади, солзење на очите , мигренозни болки, болки на коските и зглобовите, екцеми, и сл.
II. БОЛЕСТИ НА КРВНИТЕ САДОВИ
Крвните садови се делат на артерии низ кои тече чиста крв богата со кислород и храна и вени низ која тече крв богата со јаглен диоксид и други штетни материи и отпадоци и отрови од извршениот метаболизам и размена на материите. Ако се наредат едно по друго крвните садови се долги со илјадници километри.Тоа се посебни системи чија функција и значење за организмот е огромна.
- АРТЕРИОСКЛЕРОЗА е комплекс од болни промени кои го зафаќаат надворешниот или внатрешниот слој на артериите.Тоа се појавува после 40 години од животот а почнува со наталожување на масти и холестерол на крвните садови. Како последица на тоа тие стануваат крути и нееластични, се стеснуваат и оневозможуваат нормално минување на крвта. Причини кои допринесуват за оваа болест се: никотинот, кафето, алкохолот, нередовна исхрана, неправилна исхрана, масна исхрана, еднолична храна и друго. Артериосклерозата е ппроследена со грчеви во мускулите на потколениците, при движење, и чувство на боцкање при мирување. Рацете и нозете се бледи и ладни.
- ВОСПАЛЕНИ НА ВЕНИТЕ И ТРОМБОЗА: воспалението најчесто се јавува на површинските и длабоките вени на нозете. Може да се јави како последица на одредени хируршки интервенции, телесни повреди и друго. Кај површинските воспаленија има и отоци и болка, испакнатост, зацрвенетост или тврди израстоци. При воспаление на внатрешните вени, се јавуваат лесни отоци, најизразите во пределот на подколениците, подоцна може да отече цела нога, Крвниот притисок опаѓа а може да се има и зголемена температура.
ТРОМБОЗА - е дополнение на воспалителните процеси а настанува поради таложење на крвни компоненти и отпад и нивно згрутчување во вената. При што доаѓа до затнување и оштетување на вената. И при тромбозата се јавуваат отоци, црвенило, болки.
- ХИПЕРТЕНЗИЈА (ЗГОЛЕМЕН КРВЕН ПРИТИСОК) - се јавува како последица на некои заболувања (стрес,зголемен физички и умствен напор, нервоза, подолготрајни нервози) атртериосклероза, дијабет, болести на бубрезите, џигер, жолчка. Се чувствува главоболка, вртоглавица, зуење во ушите, гадење, изнемоштеност, болка во рацете (лактите) и плеќите. Кај хипертензијата најважно е да се открие од каде доага притисокот за да може истиот да се реши. повисокиот крвен притисок најчесто е појава на определено друго заболување.
- ХИПОТЕНЗИЈА (НИЗОК КРВЕН ПРИТИСОК) оваа болест најчесто се јавува кај млади луѓе и е резултат на општа слабост на крвототкот и организмот, се чувствува слабост, замор, вртоглавици,темнеење на очите, бледило и сл. При нагли опаѓања доаѓа до несвестици и колапси и губење на рамнотежата.
III. БОЛЕСТИ Н�� СРЦЕТО - најчести болести на срцето се: перикардитис, миокардитис, инсувициенција, ангина пекторис (angina pectoris), неурозис ��ордис (neorosis cordis) , тахикардија, брадикардија и други.
- ПЕРИКАРДИТИС - е воспаление на обвивката на срцето, причини се: бактериски и вирусни состојби, туберколоза, инфаркт на миокардот и др. Може да биде акутен и хроничен. Знаци се: зголемена температура, потнење, силна болка во градите, градна коска, забрзано и површно дишење, општа слабост и малаксалост и депресивни состојби проследени со страв.
МИОКАРДИТИС - е воспалителен процесс на срцевиот мускул, најчесто поради ревматизам,туберколоза, сифилис, бактериски и вирусни состојби, алергии и друго. Симптоми се отежнато дишење, забрзана работа на срцето, низок притисок, ладни раце и нозе, помодрени прсти и нокти на рацете и слично.
- ИНСУФИЦИЕНЦИЈА - е слабост на срцевиот мускул, поради што срцето не е во можност да го одржува ритамот на работа. Причини се: разни срцеви оштетувања, оштетување на залистоците, зголемен крвен притисок, миокардитис, инфаркт на миокардот, артериосклероза, вродени срцеви мани и слично.
- Инсуфициенцијата се јавува кај стари луге. Се манифестира со забрзано и површно дишење, суво кашлање, вознемиреност, несоница, набрекнати вратни жили, отоци по раце и нозе, чукање на срцето како „галоп"
АНГИНА ПЕКТОРИС - е болест поради лоша исхрана на срцевите крвни садови и недостаток на кислород. Причини се: зголемен крвен притисок, шеќерна болест, гојазност, алкохол,тутун. Знаци се: градни болки, болки во левата рака и грбот, доста јаки и силни, се јавува стегање, притисок и задушување, времетраење на болката е до 10 минути, обично се јавуваат кај тешка физичка работа и високи температури.
НЕРВОЗНО СРЦЕ - во почеток не е сериозно заболување се осеќа физичка исцрпеност, чувство на задушување, ладна пот на челото и слично.
ТАХИКАРДИЈА - е забрзана работа на срцето и до 200 пати во минута. Причини се : стресови, температури, крварење, предозираност со кафе, алкохол, цигари, болест на тироидата. Знаци се брзо дишење, силен притисок во градите, чувство на недостаток на воздух и аритмија.
БРАДИКАРДИЈА - е појава кога срцето отчукува помалку откуцаи од 50 во минута. Причини се старост, истоштеност, тумор во мозок, менингитис, жолтица, тифус и друго. Знаци чувство на измореност, вртоглавица,темнеење пред очи, мал крвен притисок, отоци по рацете и нозете. Можно е да се дојде до оштетувања на работата на други органи.
Постојат и други болести на овие органи кои не се опфатени со ова упатсво
При користењето на методите на Алтернативната медицина и лечењата по овие Режими, се земаат сите лекарства препорачани од лекарот и се прават постојани контроли со лекарите, истовремено се применуваат и решенијата од Алтернативата. Чаевите и Чајните мешавини што се користат немаат „НУС" (негативни) појави со ниедно лекарство од Медицината , така да истовремено може да се користат и едните и другите лекарства.
Овие терапии се најпогодни да се користат при „постинфарктни" или посизливни состојби како заштита и превентиве од наредни инфаркти или срцеви болести. Овие методи ГИ ублажуваат последиците и процесот трае повеќе време, неколку месеци а некои од правилата на однесување и Начинот на исхрана како и изборот на храната даден во Режимите треба да бидат трајна ореиентација односно да се применуваат до крајот на животот. Да се исклучат од натамошна употреба задолжително - АЛКОХОЛОТ, ТУТУНОТ И КАФЕТО, тешки физички работи, тешки физички напрегања, нервози и сл, мрсна храна, да се вклучи пешачење најмалу 3-5 км дневно и ориентација кон здрава исхрана.
За помагање при овие заболувања потребно е да биде доставена дијагноза, крвна слика и отпусна листа. За намалување или помагање при овие заболувања потребно е да се јавите на контакт телефон или на email:naumepetkovski@hotmail.com ; За намалување на холестеролот, астаминазите и транспаминазите се примаат готови производи како и потребен е режим на исхрана, а за делот на но за наведените податоци потребно е да биде доставена и крвна слика со хепатограм.
7. ЧАЕВИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЗАБОЛУВАЊА НА КРВНИТЕ САДОВИ
7.1 БОЛЕСТИ - прочистување на крвните садови од наслаги, нечистотии, холестерол, закрчувања, калцификати, венопатии (тромбоза, тромбофлебити, црвен ветар, капилоропатии, хемороиди (шулјеви, мајасол) гангренозни состојби и др.
7.1.1 КОИ ЧАЕВИ СЕ ЗЕМААТ И КАКО
7.1.2 Чај за црнодробни болести - 2 супени лажици се попаруваат со 1,5 литар врела вода, се остава да отстои 2 сата, се процедува и се пие 5 - 6 пати по 200-250 милилитри, на гладно.
7.1.3 Чај број 3/1 - 1 супена лажица се попарува со 0,5 литра врела вода, се остава да отстои 1 сат, се процедува и се пие 5 пати по 100 милилитра на празен стомак.
7.1.4 Преспанска горчица – чемер - се зема на празен стомак 5 пати по 10 милилитри.
7.1.5 Медовина се зема 2 пати по едно кафе лажиче.
Терапијата трае најмалку 42 дена по потреба се до целосно решавање на проблемот. Се користи Преспанската горчица повеќе време, месеци за целосно решавање на проблемот.
7.1.6 ИСХРАНА се користи вегетаријанска исхрана – види прилог
7.1.7 Кај замастувањата - холестерол , триглецериди се користи Преспанската горчица и чај број 3/1.

Крвни садови -Слики 1. 2


Физиологија

Крвоносниот систем претставува затворен систем низ кој крвта тече постојано, пред се, благодарение на разликата на притисоци што се јавува во текот на работата на срцето. Така се знае дека од почетниот дел на најголемата артерија - аортата, па натаму крвниот притисок постепено се намалува за на почетокот на најмалите вени тој да е многу мал, а на крајот на најголемите венски крвни садови тој е блиску до нулата. Протокот на крвта низ крвните садови зависи од основните закони на хидродинамиката.

Поделба

  • Артерии, еластични крвни садови, чиишто најмали делови се артериолите и артериските капилари. Ја пренесуваат крвта одсрцето до целото тело. Нивниот ѕид е изграден од три слоја (надворешен, среден и внатрешен). Надворешниот слој се состои од сврзно ткиво, кое ги поврзува крвните садови со околните ткива. Средниот слој изграден е од подебел слој мазни мускули, кои му даваат поголема еластичност на крвниот сад. Затоа при повреда на артериски крвен сад, крвта истекува во силен млаз.Внатрешниот слој е претставен со еднослоен епител, наречен ендотелАртериите обично се поставени во телото, покрајкоските, а над нив се расположени скелетните мускули. На својот пат од срцето до органите артериите се разгрануваат, поагајќи од најголемиот артериски сад - аортата, преку артериите со помал дијаметар, до најмалите артериски гранки -аретериоли. Сите артериски ѕидови, со исклучок на белодробната артерија, носат крв збогатена со кислород (оксидирана крв).
  • Вени, покрути крвни садови со клапи (залистоци), чиишто најмали делови се венулите и венските капилари. Ја пренесуваат крвта од сите делови на телото до срцето. Вените ја вракаат крвта до срцето од сите делови на телото. Во крвната мрежа, човекот има повеќе венски отколку артериски садови. Просечно на една артерија доаѓаат по два венски сада. Вените се градени слично како артериите, но постојат и некои разлики. Така, тие имаат поголем дијаметар и средниот мускулен слој е потенок, што го прави тидот поеластичен. Затоа при повреда нивните ѕидови се слепуваат и крвта бавно истекува. Внатрешниот слој кај вените формира клапи кои придонесуваат крвта пасивно да минува низ нив и да не се врака. При попуштање на мускулните ѕидови, крвниот сад се проширува со што доаѓа до попуштени вени. Ова нарушување е очигледно поради површинската положба на венските садови во телото. Сите венски садови (со исклучок на белодробните вени) одткивата до срцето, носат крв збогатена со јаглероден диоксид (редуцирана крв).
  • Крвните капилари се садови со дијаметар 5-25 микрони. Тие се изградени само од еднотел. Крвта минува низ нив многу бавно со што се овозможува преминување на молекулите од крвта во меѓуклеточната течност и обратно. Артериските и венските крвни садови меѓу себе се поврзуваат преку капиларите.

Особини

Еластичноста на крвните садови, особено на артериите, произлегува од нивната градба, а таа овозможува постојано протечување на крвта низ крвните садови. Со прекинувањето на дејството на срцетоаортата ќе прекине да се шири, но срцето се затвора и нејзиниот почетен дел е раширен во однос на следниот. Потоа тој се празни па се шири следниот дел на аортата и продолжува тоа во истиот начин по должината на целата аорта и другите крвни садови.
Средниот слој на артериите е составен од мазни мускилни клетки, а тоа им овозможува на крвните садови да се контрахираат, односно да го менуваат својот пречник со контракција или олабавување на мускулните влакна. Намалувањето на пречникот се нарекува вазоконстрикција, а проширувањето - вазодилатација. Ваквите активности ги регулира возомоторниот центар што е сместен во продолжениот мозок.
Здравите и неоштетени крвни садови можат да издржат многу големи притисоци. Така, артериите можат да издржат притисок и од 7 атмосфери, вените и поголеми притисоци, а капиларите од 40 до 60 mm Hg.http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D1%81%D0%B0%D0%B4